Трето одделение

Разловечкото и Македонското (Кресненско) востание

Разловечкото и Македонското (Кресненско) востание

Третото одделение е посветено на востанијата на македонскиот народ за време на Големата источна криза (1875 -1878). Во овој период од развојот на македонското општество доаѓа до созревање на македонската национално-ослободителна идеја чии носители биле интелектуалците образувани во Македонија и во странство, самородни војводи прекалени во ајдутските борби и доброволци во војните против Османлиското царство. Нивните дејствија доведоа до кревање на две востанија: Разловечкото востание во 1876 година и Македонското востание во 1878 година во кои до израз дојде македонската политичко-државна платформа. Овие две востанија се првиот македонски организиран вооружен отпор против османлиските власти кој носи политичка цел со себе или борба за македонска држава.
Водач на овие две востанија беше Димитар Поп Георгиев – Беровски, личност која се образуваше во Одеса и Белград и имаше контакти со истакнати личности од полската и чешката емиграција. Покрај Беровски, во овие востанички борби голема улога одиграа и војводите: Дедо Иљо Малешевски, Стојан Карастоилов, Ѓорѓија Пулевски, Тодор Паласкаријата, Христо Македонски и други, додека пак Митрополитот Натанаил се ангажирал во организацијата и обезбедувањето помош на востаниците.

 

ПОП СТОЈАН РАЗЛОВСКИ (1801-1876)

ПОП СТОЈАН РАЗЛОВСКИ (1801-1876)
Бил татко на сопругата на Димитар Поп Георгиев Беровски и еден од организаторите на Разловечкото востание. Со негови лични средства биле купени воените опрема и материјали за потребите на востанието.

Знамето на Разловечкото востание изработено од Станислава Караиванова и баба Недела
Знамето на Разловечкото востание изработено од Станислава Караиванова и баба Недела

Восочна фигура: ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ (1840-1907),

Восочна фигура: ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ (1840-1907),
Бил македонски учител, деец и организатор на две македонски востанија. Во периодот од 1858-1860 студирал на Одеската духовна семинарија, од каде бил протеран заради неговите револуционерни идеи за потоа да запише студии и да дипломира на воената академија во Белград. Во 1865 година се вратил во Берово каде работел како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема наклонетост кај народот од малешевскиот крај. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Истанбул, а потоа живеел тајно во Солун. Во Солун заедно со македонската интелегенција формирал кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт. Тој бил главен организатор на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Македонското востание (1878), при што бил избран за началник на Востаничкиот штаб. Судирите помеѓу бугарскиот комитет „Единство“ и водачите на востанието, на кое последните му вдахнувале самостоен македонски карактер, ќе придонесат за затворањето на Димитар Беровски. Неговото отстранување од предводничката улога на Востанието значело и постепен неуспех на востаничките дејствија. По неуспехот на Македонското востание тој пребегал во Ќустендил, каде живеел и работел сè до својата смрт во 1907 година. Во овој период бил активен поддржувач на МРО. Димитар Беровски, воедно, бил и поттикнувач за обнова на Охридската Архиепископија, како самостојна македонска православна христијанска црква, спротивставена на бугарските и грчките свештенички раководства и кадри. Сето тоа тој се обидувал да го исполни преку Унија на македонските христијани со Ватикан, кои во 1874 година за горенаведената цел, успеале да отцепат од бугарската црковна јурисдикција мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан.