Прво одделение

Прво одделение

Ајдутството - вооружен отпор против османлиското владеење во Македонија

Ајдутството - вооружен отпор против османлиското владеење во Македонија

Во првото одделение е претставено ајдутството како форма на неорганизиран, но масовен вооружен отпор на христијанското население во Македонија против османлиското владеење, особено против самоволијата на местните османлиски власти. Повидливи почетоци на ајдутството се забележани во 16. век, а свој врв истото достигнало во 19. век. Ајдутите како поединци или во групи (ајдутски дружини) со оружје се спротивставувале и одмаздувале за насилствата и злоупотребите нанесувани од страна на претставниците на османлиската власт и одметнатите османлиски вооружени поединци и групи. Поводот за ајдутот да го напушти својот мирен семеен живот и дом најчесто била личната одмазда - поради убиениот брат, татко, грабнатата или убиена сестра, жена, дете и сл.

Тематските поставки во ова одделение се движат во временска рамка од 1689 година до Големата источна криза или тоа е периодот од познатото Карпошово вооружено востание кренато против османлиската власт како последица од османлиско-австриската војна до периодот 1875-1878, последниот одбележан со бројни настани, превирања и политички промени на Балканот и во Македонија. 

 

Карпошово востание 1689, писмо и факсимил, делови од коњанички пиштол

Карпошово востание 1689, писмо и факсимил, делови од коњанички пиштол

Румена војвода

Румена војвода

Била наречена „Горска царица“ една од најпознатите жени ајдути и војводи од втората половина на 19 век, која дејствувала во осоговските области.
Дедо Иљо Малешевски

Бил повеќе од 40 години ајдутин и доброволец во војните во Русија и Србија против Османлиското царство во втората половина на 70-те години на 19-от век и учесник во Македонското востание од 1878 година.

Оружје употребувано од османлиски воени претставници и ајдути