Десетто одделение

Македонија за време на Првата Светска војна 1914-1918

Македонија и македонскиот народ во текот на Првата светска војна биле изложени на воените дејствија кои се одвивале на Македонскиот фронт 1916 – 1918 година. И покрај учеството на дејците и револуционерите на ВМОРО како активна вооружена сила и мобилизираните Македонци во воените единици на балканските држави, Македонија повторно била изложена на воени разорувања и делби. Во рамките на тие случувања голем број поранешни членови на ВМОРО и актуелни војводи, четници, како и голем број доброволци, претежно од македонската емиграција во Бугарија влегоа во редовите на 11 Македонска пешадиска дивизија (над 33.000 Македонци – војници и офицери).
Македонците во своите борбени дејствија на Македонскиот фронт сè до крајот на септември 1918 година војувале и давале жртви за интересите на други држави. Борејќи сè на страната на двата воени сојузи во тој дотогаш најголем воен судир и покрај огромниот број на жртви, раселени семејства и опустошени домови, македонскиот народ остана без своја држава и без исполнување на идеите на МРО за државност.

 

Oружје и опрема од Првата светска војна; пушки, револвери, ножеви, шлемOружје и опрема од Првата светска војна; пушки, револвери, ножеви, шлем
Восочна фигура: АЛЕКСАНДАР ПРОТОГЕРОВ (1867-1928)

Восочна фигура: АЛЕКСАНДАР ПРОТОГЕРОВ (1867-1928)
Бил генерал во бугарската војска од македонско потекло и член на Централниот комитет на ВМРО по Првата светска војна. Тој бил еден од основачите на офицерските братства во Бугарија и член на Врховниот македоно-одрински комитет во Софија, како и учесник во Горноџумајското и Илинденското востание. Во 1911 година станал резервен член на ВМОРО на Тодор Александров, а за време на Балканските војни командувал со бригада и со разузнавачката служба. Во текот на Првата светска војна бил именуван за воен губернатор на македонската област, а во 1917 година бил поставен како началник на Дирекцијата за социјални грижи и општествена предвидливост. По Првата светска војна учествува во формирањето на ВМРО, а во 1928 година бил убиен поради идеолошки спротивставености со Иван (Ванчо) Михајлов.

ХАСАН ПРИШТИНА (1873-1933) ХАСАН ПРИШТИНА (1873-1933)

Бил албански политичар и еден од најзначајните албански дејци во борбата за албанска независност, водач - претседател на Косовкиот комитет, а од 1921 година кратко време ја извршувал должноста албански премиер. По Младотурската револуција (1908), односно Албанското востание од 1910 година бил избран за пратеник во Османлискиот парламент. За време на Албанското востание од 1912 година се јавува како раководител на истото, а во текот на Првата балканска војна ја води борбата против поделба на териториите населени со албанско население во Црна Гора, Србија и Грција. Во периодот по Првата светска војна дејствувал за обединување на Косово и Албанија. Истата година во времетраење од неколку денови ја извршува должноста Премиер на Албанија, но под притисок на Ахмед Зогу се откажал од неговата политичка положба. Ахмед Зогу ги отстранил косовските Албанци од собранието и владата за да избегне воен судир со Кралството СХС. Во 1924 година, со доаѓањето на власт на Ахмед Зогу, Хасан ја напуштил Албанија засекогаш и се преселил во Солун. Во 1933 година била одржана дводневна средба меѓу Ванчо Михајлов и Хасан Приштина тогашен претседател на Косовскиот комитет за заедничка соработка против Кралството Југославија и за идните граници на Албанија и Македонија. Договореното опфаќало: доколку Македонија се обединела со Бугарија тогаш македонските територии со мнозинско албанско население (Дебар и дел од дебарската околина) да се присоединат кон Албанија, во спротивно тие да останат во идната независна Македонија. Михајлов и Приштина изработиле цел проект за идниот сојуз меѓу ванчомихајлчовистичка ВМРО, Косовскиот комитет и Хрватското усташко движење на чело со Анте Павелиќ. Истата година Хасан бил убиен.