Деветто одделение

Балканските војни 1912-1913 година

Балканските војни 1912-1913 година

Годините 1912 и 1913 биле исполнети со настани кои оставија многу тешки последици за Македонија и македонскиот народ. Првата и Втората балканска војна и две востанија кои беа кренати во Тиквешко и Охридско - Дебарско против српската окупација и истите задушени со жестокости врз невиното македонско население, ги изнеле на преден план крајно спротивните интереси на македонскиот народ и на неговите соседи. Наспроти македонскиот народ кои неколку десетлетија преку повеќе организирани форми се бореше за ослободување од османлиската власт и за својата независност и државност, соседните христијански држави војуваа да си ги задоволат своите стремежи кон територијата на Македонија, со делби и присвојувања.
Во текот на овие војни биле вклучени најголемиот број од вооружени чети на Организацијата и повеќе македонски доброволци кои сметаа дека со своето учество во протерувањето на османлиските власти ќе ја исполнат слободата на својата татковина, искрено верувајќи во повиците на соседните монарси и влади во нивната ослободителна мисија во Македонија. Четите на Организацијата први ги ослободија македонските градови: Солун, Банско, Мелник, Кукуш, Охрид, Велес, Кратово, Крушево, Костурско и други. Од друга страна, организации и групи составени од македонски интелектуалци во странство го дигнаа својот глас против делбите на Македонија, промовирајќи национална и државотворна програма пред Големите сили за решавање на македонското прашање.

 

ПЕТАР ЧАУЛЕВ (1882-1925)

ПЕТАР ЧАУЛЕВ (1882-1925)
Бил револуционер, учител и охридски војвода. Во 1899 бил назначен за организатор на револуционерни комитети во охридско, преспанско и леринско. Во текот на Илинденското востание дејствувал во охридскиот крај, а по Востанието пребегал во Бугарија. Во 1911 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО заедно со Тодор Александров и Христо Чернопеев, а во 1913 година бил еден од организаторите на Охридско-дебарското востание, кренато против српските власти во поделена Македонија. Во 1915 година, во текот на Првата светска војна бил назначен за окружен началник на Охрид, а по Првата светска војна бил еден од основачите на ВМРО (автономистичка) заедно со Тодор Александров и Александар Протогеров. Во 1924 година бил потписник на Мајскиот манифест кој предвидувал обединување на македонските организации и заедничко дејствување во соработка со СССР и Коминтерната. Во 1924 година бил убиен во Милано, Италија како една од жртвите на меѓусебните пресметки и братоубиства во македонското револуционерно движење.

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ (1878-1940)

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ (1878-1940)
Бил македонски историчар, етнограф, картограф и публицист, учител, основач и соосновач на друштва меѓу Македонците во Петроград (Санкт Петерсбург) и учесник во Октомвриската револуција. Учел во Ногородкста и Петерсбуршката духовна семинарија каде запознавајќи се со останатите македонски интелектуалци учествувал во формирањето на Македонското-научно-литературно другарство „Св.Климент“. Другарството имало за цел развивање на националната свест меѓу членството и изучување на јазикот, песните и обичаите и историјата на Македонија во етнографски и географски поглед. Во 1913 година како последица од Првата Балканска војна, Чуповски испратил Меморандум и Карта Македонија со цел да прикаже пред големите сили дека поделбата на Македонија би го оневозможила мирот на Балканскиот Полуостров, истакнувајќи дека потребно е македонската територија да биде формирана како посебна држава во една балканска федерација која ќе го обезбеди мирот на Балканот. Групата околу Димитрија Чуповски го издавала и весникот „Македонски глас“, а од 1917 година бил основач на Македонскиот револуционерен комитет кој го објавил манифестот „Балканска федеративна демократска република“ како заедничка програмска декларација на македонското другарство „Св.Кирил и Методиј“ и на редакцијата на в. „Македонски глас“.