Второ одделение

Второ одделение

Реформите во османлиското царство и нивно применување во Македонија во 19.век

Реформите во османлиското царство и нивно применување во Македонија во 19 век

Деветнаесеттиот век е период на видливо опаѓање на моќта на Османлиското царство и негова внатрешна дезинтеграција. Пред опасноста од големи внатрешни општествени и политички потреси, султанот Абдул Меџит пристапува кон донесување на акти со кои сакал да го смири незадоволството на повеќе слоеви од населението. Тој најпрво го прогласил Гилханскиот хатишериф – 1839 година, а во 1856 година го донел и Хатихумајунот. Гилханскиот хатишериф прокламирал полна рамноправност на граѓаните пред законот, без разлика на вера, народност и положба. Истовремено се гарантирала нивната чест, живот и сопственост на имотот. Истиот бил објавен на јавни места и читан на собири на кои присуствувале граѓани од сите вероисповеди. Во тој период на реформи – Танзимат, легитимно можело да се формираат македонските црковно-училишни општини,  како форма на афирмација и негување на верата, јазикот и народното и општествено организирање, да се поправаат и да се градат нови христијански цркви и манастири итн.

Султанот Абдул Азис продолжил со реформирање на државниот и политичкиот систем на Османлиската империја, а султанот Абдул Хамид II во 1876 година, го донел и првиот устав на Империјата. Сите овие реформи иако не довеле до радикални промени во државата, сепак, придонеле за афирмирање на црковно-просветните и културните интереси и пројави на македонското општество во рамките на Империјата.

 

Султанот Абдул Меџид I (1839-1861)

Султанот Абдул Меџид I (1839-1861)
Султанот Абдул Меџид I објавил два особено значајни реформски документи со кои незначително се подобрила положбата на христијанското население во Македонија. Тоа се Гилханскиот хатишериф на 3 ноември 1839 година и Хатихумајунот на 18 февруари 1856 година.

Султанот Абдул Азис (1861-1876)

Султанот Абдул Азис (1861-1876)
Султанот Абдул Азис продолжил со реформирање на државниот и политичкиот систем во Османлиското царство и се смета дека тој ги поставил почетните капиталистички форми на управување.

ВИЛИЈАМ ГЛЕДСТОН (1809-1898) Восочна фигура: ВИЛИЈАМ ГЛЕДСТОН (1809-1898)

Бил британски политичар и државник, еден од најистакнатите претставници на либералната политичка странка. Во периодот од 1868 до 1894, тој, четири пати успеал да ја добие довербата и да ја извршува должноста премиер на Обединатото Кралство, а во меѓувреме бил носител и на титулата и должноста Chancellor of the Exchequer или одговорен за сите финансиски и економски прашања, односно еднаков на министерот за финансии. Во однос на британската политика кон Османлиското царство бил жесток осудувач на однесувањето на конзервативната влада на Бенџамин Дизраели во однос на османлиските жестокости против христијанското население. Неговата политика на поддржување на малите народи на Балканот против османлиската управна власт водела кон тоа тој да се застапува за посебен договор со кој територијата на османлиска Македонија би била организирана како автономна област поради што при крајот на својот живот, во 1897 година, тој ја истакнува паролата: „Македонија на Македонците“ или целосната цитирана фраза гласи: „А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“

Фотографии од црковната преродба во Македонија

Фотографии од црковната преродба во Македонија, митрополитот Теодосиј Гологанов борец за обнова на Охридската архиепископија. На поставените мапи е територијата на Македонија е посебно прибележана.