Историјат

 za nas

Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим е проект на Владата на Република Македонија, а реализиран од Министерството за култура на Република Македонија.

Формиран е со Одлука на Влада на РМ од 31 јули 2008 година. Изградбата на Музејот почнала во 2008 година и траела три години. Музејот е отворен на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, на 8 Септември 2011 година. Музејот е сместен во објект од 6435 квадратни метри нето површина. Музејските изложбени простории опаќаат 2500 квадратни метри.

Музејот на македонска борба, како специјализиран музеј со историски музејски експозиции, има за цел изворно да ги презентира историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и на македонскиот народ во нивната повеќевековна борба за создавање на своја национална држава на Балканот. Музејот претставува документирано, современо и објективно нагледно средство за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија. Преку изложбените експонати се презентирани историските премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ во остварувањето на својата слободарска визија, на изворната идеја на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, обединување и создавање на самостојна и независна македонска држава. Исто така, преку музејските експонати е прикажана голготата низ која врвеле македонските граѓани, на нивниот отпор против комунистичката диктатура, жртвувајќи го својот живот за самостојна, обединета и демократска Македонија.

Централно место во холот на објектот зазема Декларацијата за прогласување независност на Република Македонија која е положена во музејот на денот на отвoрањето од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Автори на музејската поставка

проф. д-р Зоран Тодоровски, проф. д-р Даринка Петреска, проф. д-р Виолета Ачкоска, проф. д-р Никола Жежов

Автор на сценогарфскиот амбиентален простор

арх. Валентин Светозарев

 

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

nagradiПризнание од Европската музејска академија

Музејот на македонската борба во 2013 година беше кандидат за наградата Микелети (Micheletti) за музеј на годината што ја доделува Европската музејска академија (ЕМА). Во конкуренција на 21 врвна институција од Европа, Музејот на македонската борба – Скопје доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство, како охрабрувачки знак на виталност во европската практика. Од страна на директорот и претседателот на ЕМА беше истакната презентацијата на музејот како особено инвентивен начин на претставување и пример за идните кандидати.

 

Специјална награда ЖИВА

На доделувањето на наградите „Жива“ за најдобар музеј во словенските земји за 2015 година, жирито додели специјална награда за презентација на Музејот на македонската борба. Наградата која првпат се доделува е признание за иновативниот начин во презентацијата на музејските поставки. Музејот на македонската борба беше македонски кандидат за престижната награда најдобар музеј од словенските земји, која во 2015 година се додели на 14 мај во Санкт Петербург, Русија. Доделувањето на наградите„Жива“ е во организација на меѓународната фондација Форум на словенски култури со седиште во Љубљана,Словенија, а во 2015 година беа номинирани 14 музеи од десетина словенски земји.

 

ЕМА - Бурса
ЖИВА