Организациска структура

Директор
(2011-денес)
Д-р Бранислав Светозаревиќ

Д-р Бранислав Светозаревиќ е првиот директор на Музејот на македонската борба.Функцијата ја врши од отворањето на музејот, а во мај 2015 година го добива и вториот мандат.

Биографија

Д-р Бранислав Светозаревиќ е роден во Скопје во 1966 година. Основно и средно образование (гимназија) ги завршил во Тетово, каде што до денес живее. Во 1994 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за историја. На скопскиот универзитет Св. Кирил и Методиј, се стекнува со звање магистер по историја и архивистика во 2007 година, а во 2013 година, доктор по историски науки. Во својата работна кариера, 18 години работи во Државниот архив на Република Македонија, а од 2010 година е прв директор на Музејот на македонската борба во Скопје на која функција работи до денес. Бранислав Светозаревиќ е автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Исто така имал и 21 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот. Од активностите со општествено значење ги издвојуваме оние каде што Светозаревиќ бил член на организациони комитети на преку 20 државни и меѓународни спортски, културни и научни манифестации.

Внатрешна организација 

Работите и задачите во НУ Музеј на македонската борба – Скопје се вршат во организациски облици преку шест самостојни одделенија и една подружница и тоа:

-       Одделение за музејско водење и  едукација
-       Одделение за стручно-научна дејност и документација
-       Одделение за промоција и маркетинг
-       Одделение за општи работи
-       Одделение за управување со човечки ресурси
-       Одделение за безбедност и одржување
-       Одделение/Подружница Порта Македонија

Управен одбор

Проф. д-р Виолета Ачкоска (претседател), Љубица Пуцаревиќ

2010-2014

Проф. д-р Михајло Миноски (претседател), д-р Мирјана Нинчоска и проф. д-р Никола Жежов