Донации и спонзорства

Музеите како дел од непрофтиниот културен сектор имаат задача да го поттикнуваат и шират знаењето за културното наследство и да ги промовираат и доближат културните и историски традиции до нашите граѓани.

Доколку сакате да го помогнете нашиот музеј и неговата работа контактирајте нè за да изградиме платформа за заедничка соработка.

Ги повикуваме граѓаните доколку поседуваат предмети, документи, фотографии и други материјали поврзани со периодот кој го обработува Музејот на македонската борба и сакаат да ги донираат да ги контактираат нашите стручни служби.