Донација од семејството на Вера Циривири - Трена

Збирките на НУ Музејот на македонската борба за самостојност се збогатени со нова семејна донација овој пат од семејството на македонската партизанка Вера Циривири - Трена.
На иницијатива на директорката Даниела Николова и воспоставени директни контакти со семејството на хероината и партизанка Вера Циривири Трена, музејскиот фонд е побогат за уште една драгоцена донација на лични документи, фотографии, наративен материјали, материјални сведоштва итн. 
 
Image
Image
Музејот изразува голема благодарност до нејзините внуки Вера Циривири Ѓуриќ и Теодора Циривири, кои при нивната посета на музејот ги депонираа личните предмети од нивната тетка Вера Циривири - Трена.
Музејот ја продолжува својата мисија на градење доверба со граѓаните и преку донациите како витален двигател на новите дополнувања на 
музејскиот фундус. Благодарение на демонстрираната општествена одговорност на поединци, групи или институции придонесуваме кон збогатување не само на нашата музејска граѓа, туку и генерално на македонското историско културно наследство - само за една година музејскиот фонд е збогатен со 480 предмети по пат на донации.
 
Вера Циривири - Трена (Прилеп, 1921 - Штип, 15 јули 1944) е македонска партизанка, хероина и учесник во НОБ. Во периодот додека живеела во Белград, Вера со мајка ѝ многу често патувале до Прилеп и назад. На тие патувања, всушност, тие од Белград носеле материјали, летоци и сè што било потребно за формирање месни комитети.
Нејзиниот татко Коста Циривири, во Белград имал шивачки дуќан коjшто бил познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, а кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.
Во 1940 година станала член на Комунистичката партија, а истата година на Илинден, била еден од организаторите на прочуената манифестација, која била  организирана од прогресивната младина во градот по повод националниот празник. На 27 март 1941 година Вера учествувала и на белградските демонстрации против воениот преврат.
Во дуќанот на Коста Циривири постоела специјално направена маса за пеглање која била скривница за студентите кои бегале од полицијата. За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано ѝ доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот.
По партиска задача заминала во Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не ѝ одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој.
Image

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.